Хидроцентралата Света Петка на реката Треска ќе почне да се полни в среда, на 1 август, а откако ќе се наполни, ќе почне производството на електрична енергија. Станува збор за еден добар капацитет на кој работевме повеќе години и кој е дел од нашите ветувања во Програмата. Хидроцентралата веќе има добиено дозвола за пробна работа, полнењето почнува на 1 август и штом се наполни со вода почнува со производство на електрична енергија. Хидроцентралата, вели тој, ќе биде со капацитет да снабдува со струја 40.000 домаќинства во Македонија. Во неколку помали проекти околу 100-тина милиони евра ќе се инвестираат во наредната година.
Хидроцентралата Света Петка на реката Треска ќе почне да се полни в среда, на 1 август, а откако ќе се наполни, ќе почне производството на електрична енергија.
- Станува збор за еден добар капацитет на кој работевме повеќе години и кој е дел од нашите ветувања во Програмата. Хидроцентралата веќе има добиено дозвола за пробна работа, полнењето почнува на 1 август и штом се наполни со вода почнува со производство на електрична енергија, појасни премиерот Груевски.
Хидроцентралата, вели тој, ќе биде со капацитет да снабдува со струја 40.000 домаќинства во Македонија.
- Во неколку помали проекти околу 100-тина милиони евра ќе се инвестираат во наредната година - рече Груевски, најавувајќи нови енергетски проекти.